Францускиот европратеник од десничарскиот „Национален собир“, Жан-Лен Лакапел, порача дека не е работа на ЕУ да се меша во внатрешните работи на Србија.

Лакапел посочи дека секој потег на Брисел во однос на изборниот и постизборниот процес во Србија е обид за дестабилизација на земјата.

Што и префрла Европската Унија денес на Србија? Тоа што не го призна „Косово“ и што не применува санкции против Русија?! Се им простуваат на сите што сакаат да влезат во ЕУ, но ништо на Србија.

 

Не е работа на Унијата да се меша во внатрешните работи на Србија, да игра пасивна или активна улога. Секоја земја е слободна, суверена и независна во својата демократија“, изјави Лакапел, коментирајќи го односот на ЕУ кон Србија.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.