Француското Министерство за надворешни работи соопшти дека меѓу жртвите во вчерашното пукање во основното училиште „Владислав Рибникар“ во Белград има ученичка од француска националност, јави дописникот на МИА од Белград.
Бевме длабоко шокирани кога дознавме за пукањето во училиштето „Владислав Рибникар“ во Белград утрото на 3 мај, кое резултираше со голем број жртви, меѓу кои и еден ученик од француска националност – соопшти Министерството за надворешни работи на изјави Франција.
Тие изразија длабоко сочувство до семејствата на жртвите, а на повредените им посакаа брзо закрепнување.
Нашиот персонал и амбасадата во Белград прават напори да му пружат целосна поддршка на семејството на нашиот млад сонародник во овој тежок момент, се додава во соопштението.
Како што е наведено, Франција изразува сесрдна солидарност со српскиот народ и властите поради оваа трагедија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.