Претседателката на Европската комисија (ЕК), Урсула фон дер Лајен, за Танјуг изјави дека постои многу јасен и посветен план за деескалација на ситуацијата на Косово – патоказ на кој двете страни работеа претходно оваа година, пренесе „Политика“.
Ги повикувам двете страни на деескалација и да се придржуваат до патоказот. Тоа е апсолутно клучно за да се оди напред на мирен начин, рече претседателот на ЕК коментирајќи ја ситуацијата на северот на Косово и одговарајќи на прашањето дали ЕУ ќе се ангажира посилно и ќе влијае на косовскиот премиер Албин Курти, да го прифати планот на ЕУ за деескалација на ситуацијата и повлекување на специјалните единици.
Во пресрет на вториот ден од самитот на НАТО во Вилнус, фон дер Лајен посочи дека е јасно оти и Белград и Приштина мора да го почитуваат она што е договорено во Охрид.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.