Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен следната недела ќе престојува во Западен Балкан при што ќе посети шест држави.

В среда таа ќе допатува во Тирана, која е прва нејзина дестинација. Ќе се сретне со премиерот Еди Рама и ќе учествува на свеченото отворање на кампусот на Колеџот на Европа.

В четврток тоа ќе се сретне со претседателот Бајрам Бегај, а потоа ќе замине за Македонија, а ќе ги посети и поплавените подрачја во Босна и Херцеговина.

В петок таа ќе отпатува за Србија, а балканската турнеја ќе ја заврши во сабота со посета на Косово и Црна Гора.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.