Нашите пријатели, аспиранти за членки во ЕУ, треба да ги доближиме до нас многу поблиску и многу побрзо, објави на платформата „Икс“ (поранешно Твитер) претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен во пресрет на неформалната вечера што ја организира грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис за лидерите од земјите од Западен Балкан и членки на Унијата од регионот на која ќе присуствува и премиерот Димитар Ковачевски.

Мило ми е што сум во Атина за да разговараме за европската перспектива на нашите соседи и партнери од Истокот и од Западен Балкан. Ќе продолжиме да ги уриваме бариерите меѓу нашите региони, наведува Фон дер лајен во објавата.

На неформалната вечера што ќе одржува по повод 20-годишнината од Самитот ЕУ-Западен Балкан и „Декларацијата од Солун“, ќе присуствуваат и претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел, претседателите на Србија и на Црна Гора, Александар Вучиќ и Јаков Милатовиќ, како и премиерите на БиХ – Борјана Кришто, на Косово – Албин Курти, на Бугарија – Николај Денков, на Романија – Марчел Чолаку и на Хрватска – Андреј Пленковиќ.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.