Шефот на кампањата на движењето „Крени -Промени“, Саво Манојловиќ, денеска објави дека германскиот канцелар Олаф Шолц и претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен наскоро ќе ја посетат Србија за да се осигураат дека во Србија илегално ќе се ископува литиум.
Тој додаде дека Шолц и Фон дер Лајен ќе се сретнат со претседателот Вучиќ „како лице кое ќе им го испорача тоа“.
-Следните задачи на Владата до крајот на годинава се Просторниот план на Лозница и донесувањето физибилити студијата, посочи Манојловиќ.
Тој нагласи дека со тоа целосно се погазува правниот поредок и демократијата во Република Србија како темелни европски вредности.
„Ова е политика на стабилократија – поддршка на автократи кои ги кршат законите, но како колонијализам ги исполнуваат своите задачи и ја уништуваат сопствената земја, заклучи Манојловиќ, пренесе Бета.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.