ФБИ и Американската агенција за кибернетска и инфраструктурна безбедност објавија извештај за иранските кибернапади врз Владата на Албанија.
Според извештајот, хакерите биле присутни во албанскиот систем 14 месеци и вклучиле деструктивен „малвер“.
Гигантот за кибербезбедност „Мандиант“ за Албанијан пост“ истакна дека хакерите ги избришале владините податоци од системот, што албанската влада претходно го демантираше и ја информираше јавноста дека податоците не се избришани, бидејќи системот не функционира така и ги чува сите документи.
Шефот на анализата за кибершпионажа на „Мандиант“, Бенџамин Рид, чиј тим следи и известува за шпионски групи од Кина, Русија, Северна Кореја и многу други земји, објасни дека во извештајот на ФБИ се споменува „голема количина на податоци што биле избришани од владината мрежа. ”
Рид нагласи дека е тешко да се каже колкав бил целокупниот обем на нападот.
„Врз основа на она што го кажува извештајот, јасно се сугерира дека напаѓачите имале пристап до голем дел од мрежата“, рече Рид.
Како што пренесуваат албанските медиуми, според анализите на најдобрите експерти на „Мандиант“ нема сомнеж дека имало масовно бришење на податоци.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.