Мајката и сестрата на 13-годишниот Коста Кецмановиќ, кој минатиот месец уби 9 соученици и чувар во ОУ „Владимир Рибникар“ во Белград, се обиделе да ја напуштат Србија, но се запрени на граничниот премин „Прохор Пчињски“ на пат кон Македонија, јавуваат српските медиуми. Засега не е познато која била крајната дестинација, Македонија или пак Грција.

Милјана е запрена бидејќи е под истрага. Органите имаат сомненија дека го запоставила и го малтретирала момчето убиец пред да го изврши делото. Доколку се докаже дека го сторила ова кривично дело, и се заканува затворска казна до три години.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.