Словенија е пријател на сите земји од Западен Балкан и доколку сите држави од регионот се беа приклучиле кон Европската унија (ЕУ), немаше да ги имаме овие проблеми со границите или какви било отворени прашања, рече министерката за надворешни работи на Словенија Тања Фајон и посочи дека во Словенија има голема поддршка за ЕУ и нејзиното проширување.
Одговарајќи на прашањето што е реално кога станува збор за влезот на Србија во ЕУ, таа рече дека реалноста зависи од двете страни.
„Искрено мислам дека Србија треба да ни даде добри аргументи, да ги спроведеме економските и социјалните реформи, борбата против организираниот криминал и корупцијата, борбата за владеење на правото, слободата на медиумите. Кога го кажувам сето тоа, не мислам дека Србија сето ова треба го прави поради Брисел, туку поради своите граѓани. Тоа ќе им го подобри животот“, рече Фајон во интервју за српски „Телеграф“.
Додаде дека во Словенија се’ уште има голема поддршка за Европската Унија и нејзиното проширување.
Зборувајќи за ситуацијата во Косово, таа посочи дека очекува од една страна Приштина да ги прекине сите полициски акции, а од друга страна Србија, како што рече, да направи се’ со своето големо влијание за нормализирање на состојбата и нормализирање на односите за граѓаните.
Таа нагласи дека дијалогот е многу важен и дека Бриселскиот договор е обврзувачки за двете страни.
Исто така, дека меѓународната заедница и ЕУ, односно Словенија како дел од Унијата, бараат нормализација и конструктивен пристап.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.