Црногорската авиокомпанија „Ер Монтенегро“ вечерва соопшти дека сообраќајот на аеродромот „Никола Тесла“ во Белград е прекинат поради дојава за бомба во авион на „Ер Монтенегро“.

Дојaвата за бомба се случила во моментот кога авионот бил на земја. Авионот го проверуваат безбедносните служби на Република Србија, а патниците и екипажот ќе бидат на безбедно додека не се извршат сите потребни контроли, соопштено е од компанијата „Ер Монтенегро“, пренесуваат црногорските медиуми.

Додаваат дека безбедноста на патниците во ниту еден момент не била загрозена.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.