Претседателот на Србија Александар Вучиќ и премиерот на Косово Албин Курти го потврдија доаѓањето на новата рунда од бриселскиот дијалог на 2 мај, соопшти Европската служба за надворешни работи.
Заедничката средба на Вучиќ, Курти, шефот на европската дипломатија, Жозеп Борел и специјалниот претставник на ЕУ за дијалог, Мирослав Лајчак, ќе започне во 18 часот.
На средбата ќе се разговара за имплементацијата на Договорот за патот кон нормализација на односите меѓу Косово и Србија, договорен на 18 март во Охрид.
Како што претходно најави Лајчак, се очекува страните да ја усвојат Декларацијата за исчезнати лица, што ќе биде прва точка на дневниот ред.
Според информациите, страните ќе имаат можност да разговараат за актуелни политички прашања, а по средбата Борел ќе и се обрати на јавноста, пренесе Бета
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.