Српскиот претседател Александар Вучиќ и косовскиот премиер Албин Курти се поканети во Брисел на дијалог на највисоко ниво, изјави портпаролот Петер Стано.
Доколку претставниците на Белград во Приштина се согласат да дојдат, средбата би можела да се одржи наскоро, пишува Еуроњуз.
– Ново е што двајцата ги поканивме во Брисел за да се најде европско решение, европски излез од сегашната ситуација, која е една од најсериозните од 2013 година. И тоа е целта. Како што реков, ги поканивме во Брисел да разговараме за начин како да се најде излез. Се надеваме дека ќе можат многу брзо да дојдат, за да можеме да го решиме тоа прашање, пред 21 ноември, а не потоа, како што рече високиот претставник на ЕУ, рече Стано.
Овој повик доаѓа по тензичниот изминат период во кој Приштина не се откажа од наплатата на казните за нерегистрирани возила со таблички РКС, која треба да започне на 21 ноември.
Ова резултираше со излегување на Србите од приштинските институции на северот на Косово. Покрај одложувањето на барањето за пререгистрација, тие бараат и формирање на Заедница на српски општини (ЗСО), која беше потпишана како дел од Бриселскиот договор во 2013 година, а Приштина се уште не го исполнила.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.