Претседателот на Турција Реџеп Таип Ердоган, денеска се сретна членовите на Претседателскиот совет на Босна и Херцеговина Денис Беќировиќ, Жељко Комшиќ и Жељка Цвијановиќ со кои разговараше за односите меѓу Турција и Босна и Херцеговина, како и за регионалните и глобалните прашања.

Како што јави Анадолија, Ердоган со членовите на Советот се состана на маргините на Дипломатскиот форум во Анталија.

– Претседателот Ердоган на средбата истакна дека од клучно значење за Турција е задржувањето на единството, мирот и стабилноста на Босна и Херцеговина и продлабочувањето на односите меѓу двете земји, соопшти Директоратот за комуникации при турското Претседателство на платформата Х.

Ердоган, исто така, ја истакна решеноста на Анкара да пружи искрен и конструктивен придонес за овие прашања, кој ќе продолжи да се зголемува, соопшти Директоратот.

– Претседателот Ердоган нагласи дека ќе продолжат чекорите за зголемување на обемот на трговска размена и соработката на сите полиња, се додава во објавата.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.