Претседателот на Турција, Реџеп Тајип Ердоган денеска изјави дека во провинцијара Сирнак, југоисточниот дел на земјата е откриено нафтено поле со резерви од 150 милиони барели.
Откривме 150 милиони барели нафтени резерви околу планината Габар. Ова е едно од 10-те најголеми наоѓалишта на земјиште откриени оваа година. Вредноста на резервите достигнува околу 12 милијарди долари – истакна Ердоган.
Тој претходно изјави дека Турција има намера да произведува околу 100.000 барели нафта дневно, без да прецизира од кои наоѓалишта.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.