Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денеска изјави дека повторно ќе се кандидира на претседателските избори закажани за јуни 2023 година, во прво официјално соопштение.

„Овде велам, Таип Ердоган е кандидат на Народната алијанса за претседател“, нагласи Ердоган пред приврзаниците во Измир.

По речиси 20 години на власт, конзервативната Исламска Партија на правдата и развојот (АКП) на Ердоган ќе излезе на избори во услови на растечка валутна криза, највисоката стапка на инфлација во последните две децении и зголемената невработеност, меѓу другите проблеми.

Опозицијата, исто така, го обвинува Ердоган за засилување на заплашувањето на потенцијалните политички ривали во контекст на изборите во 2023 година.

АКП и МХП формираа сојуз на изборите во 2018 година, кога Ердоган беше реизбран со уште поголеми овластувања.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.