Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган го назначи Бекир Бозадаг (56), член на владејачката Партија за правда и развој, за нов министер за правда. Во образложението на одлуката се наведува и дека поранешниот министер за правда Абдулхамит Ѓул поднел оставка, но засега не се знае причината.

Бозадаг беше министер за правда за време на претседателскиот мандат на Ердоган, во два наврата (2013-2015 и 2015-2017), по што стана вицепремиер, каде што остана до 2018 година.

Истовремено, Ердоган со декрет го смени директорот на државниот институт за статистика ТУИК, Саит Ердал Динчер, по објавените годишни податоци за инфлацијата.

Динчер беше критикуван по објавувањето на податоците на почетокот на јануари кои покажаа годишна инфлација од 36,1 отсто, што е највисоко ниво во изминатите 19 години.

Ердоган го смени Диничер од позицијата директор на ТУИК неполна година откако беше назначен на таа функција и на негово место го назначи Ерхан Четинкаја, поранешен потпретседател на турскиот банкарски регулатор.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.