Во денешниот земјотрес во близина на турскиот град Малатија, едно лице загина, а 69 се повредени, соопшти директорот на Турската агенција за управување со катастрофи (АФАД), Јунус Сезер.
Спасувачките операции се интензивираат во пет згради. Речиси на секои три минути се соочуваме со последователни потреси. Ги советувавме граѓаните да се држат настрана од претходно оштетените згради, бидејќи тие се уриваат“, рече Сезер, објави весникот „Хуриет“.
Земјотрес со јачина од 5,6 степени ја погоди областа Јешиљурт кај градот Малатија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.