Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот на Македонија, заедно со 13 македонски компании од автомобилскиот сектор учествуваат на регионалниот автомобилски саем во Тирана.

Во деновите на саемот компаниите имаат можност да се промовираат и преку низата договорени состаноци да изградат мостови за идна соработка и инвестиции. Во рамките на саемот изложени се и олд тајмери како и најновите и модерни технологии.

Саемот вчера официјално го отвори премиерот на Албанија Еди Рама од кого што и беше поддржан овој настан.

На свеченото отворање каде меѓу стопанствениците и посетителите  присутни беа и претседателот на косовската Бизнис Алијанса, Агим Шахини и министерката  за претприемништво Едона Билали од  Албанија, а свое обраќање имаше и директорот на Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот на РСМ Беким Емини .

Овој настан, кој за прв пат се организира во Албанија е во организација на државното Министерство  за заштита на претприемништвото во соработка со Генералниот директорат за услуги за патен транспорт и Министерството за инфраструктура и енергетика на Албанија.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.