Холивудскиот актер Џејмс Белуши, чии предци се од Албанија, го посети албанскиот премиер Еди Рама. Му откри дека сè уште има имот во југоисточниот дел на земјата, но никогаш не знаел што да прави со него. Земјиште до неговото има и неговиот братучед, Крис Каракоста.

Рама и на двајцата им предложи дека наместо имотот да им пропаѓа, може да размислат за одгледување на канабис.

Епизодата во Албанија е дел од серијалот „Growing Belushi“, во која актерот зборува за неговата „борба“ во бизнисот со марихуана, а се прикажува на „Дисковери“.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.