Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) минатата година инвестираше во Србија рекордни 846 милиони евра, што е за речиси 200 милиони евра повеќе од 2022 година и значително над претходниот максимум од 679 милиони евра во 2020 година.

Како што соопштија од банката, Србија по првпат се рангираше меѓу првите пет приматели на инвестиции од ЕБОР.

Исто така, во 2023 година, ЕБОР финансираше 28 проекти во Србија, со фокус на зелената транзиција, дигиталниот напредок и економската вклученост.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.