Две српски амбасади во Европа добиле закани дека ќе бидат цел на терористички напад.

„Амбасади на Србија во две големи европски престолнини во изминатите 24 часа добија закани дека ќе бидат цел на терористички напади“, изјави министерот за надворешни работи на Србија, Марко Ѓуриќ.

Како што јави Н1, тој додаде дека според првичните информации, тие закани доаѓаат од „екстремни сепаратистички кругови на дел од дијаспората од Косово односно од лица од албанска националност“.

Тој истакна дека не сака да изнесува детали без консултација со безбедносните органи, затоа што, како што вели, не сака да ја влоши ситуацијата, но дека може да каже дека утринава се зголемени безбедносните мерки во дел од српските дипломатско-конзуларните претставништва во Европа.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.