Двајца полицајци загинаа во Бугарија при обид да запрат автобус со мигранти кој илегално влегол во земјата.
Инцидентот се случил утрово во 5 часот во градот Бургас. Во автобусот со турски регистарски таблички се превезувале 47 мигранти чија националност не е потврдена.
Возачот на автобусот прво не застанал на два последователни контролни пункта на граничната полиција, а потоа влегол во населено место. Полицајците се обиделе да му го попречат патот со автомобил, но тој не застанал, удрил во автомобилот, го прегазил и потоа удрил во автобуската постојка.
Двајца полицајци во автомобилот загинале на лице место. Повредени нема, а покрената е истрага за инцидентот.
Засега против возачот не е покренато обвинение, но окружниот обвинител Георги Чинев ги нарече постапките на возачот „свесен чин“.
Бугарија се наоѓа на миграциската рута преку која луѓето бегаат од Блискиот Исток во Европа. Малкумина од нив сакаат да останат во неа, а повеќето од нив се обидуваат илегално да одат понатаму и да стигнат до ЕУ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.