Беспилотното летало, што на крајот на минатата недела падна во Загреб е на украинските воени сили и носел бомба наменета за руските воени позиции во Украина, пишува денеска хрватскиот неделник „Национал“, повикувајќи се на извор близок до Министерството за одбрана.
Истиот извор за „Национал“ открил дека е извесно дека авионот излегол од контрола и оти наместо на руските позиции во Украина, завршил во Загреб, каде што паднал кога останал без гориво.
Останува непознато дали леталото изгубило контрола поради човечка или техничка грешка.
Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ вчера изјави дека дронот носел експлозив, еден вид бомба и дека понатамошната истрага ќе утврди кој и на кој начин го лансирал проектилот кон Хрватска, како и дали се работи за грешка, саботажа или намера.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.