Пожарникарите кои го гаснат огнот во Словенија во еден момент од двете страни на патот биле опкружени во густ чад.
Одеднаш над нив здогледале канадер кој исфрлил голема количина вода.
-Сега не спаси, кажал авторот на видеото, додека во позадина се слушале извици на возбуда.
Автор на видеото е Клемен Горуп, пожарникар од „ПГД Хрватини“, кој ги опишал околностите во кои е направено видеото за „N1“.
Најголем проблем беше чадот. Очите гореа, беше невозможно да се дише. Си помагавме со апарати за дишење и физиолошки раствор за миење на очите. Работата ја отежна и многу високата температура. Се грижевме еден за друг – рекол тој.
Според него, пожарот на Карстот, со кој пожарникарите се борат повеќе од една недела, е многу голем и затоа што на ова подрачје има многу неексплодирани убојни средства од Првата светска војна.
Се случи куршуми да почнат да пукаат на два метри од нас, десет метри оддалечена мина експлодираше, опишал тој.
Дополнителни проблеми создава ветерот што го прави пожарот непредвидлив.
Соговорникот на „N1“ Словенија, според написите, пред извесно време учествувал во интервенцијата во Македонија, каде 14 дена се гасеше голем и тежок пожар.
Овде е уште полошо, не се гледа крајот – додал тој.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.