Српската пејачката Драгана Мирковиќ е многу заинтересирана за случајот со исчезнатата Данка Илиќ, пишуваат српските медиуми, откривајќи дека таа ангажирала и приватен детектив, кој се обидува да открие што се случило со исчезнатото девојче.
Му благодарам на српскиот амбасадор во Виена, кој е свесен колку се трудам, шерувам, дури и некои работи направив приватно, со еден мој пријател. Зедовме и детектив. Во договор, секако, со мене, бидејќи гледа колку ми е грижа, ангажира приватен детектив да проба, да види каде, што и како. Можам да го кажам и името, тоа е Дими, познат бизнисмен и наш семеен пријател долги години. Сите навистина се трудиме, максимално. Искрено се надевам дека детето ќе се најде, тоа е апсолутен приоритет, само се молам на Бога се да биде како што треба. Вам, исто, на новинарите, ви благодарам што му давате важност на тоа да заврши што поскоро. Искрено се надевам дека Австрија ќе биде нејзината последна станица, пред да ја вратиме дома, рече Мирковиќ за „Курир.рс“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.