Необичен брод за крстарење завчера се закотви во пристаништето во Дубровник и донесе неколку стотици свингери во градот, пренесува хрватски „Индекс“. По крстарењето по италијанскиот и хрватскиот брег, планирано е бродот да се закотви и во Котор, Црна Гора.

На веб-страницата на организаторот на патувањето, компанијата Original Group, може да се забележи дека цените за луксузните двојни кабини на крстаречкиот брод Azamara Journey, кој плови под брендот Desire, се движат и до 30.000 американски долари.

На бродот се одржуваат тематски вечери, еротски работилници и разни сензуални забави, но мора да се почитуваат куќните правила. Тоа значи дека во патувањето можат да учествуваат само парови, а без облека може да се движат само во одредени соби. Има соби наменети за „послободна“ забава. Строго е забрането фотографирање и снимање видео во областите каде што е дозволено соблекување на патниците.

Дубровчани гостите ги опишаа како богати и пристојни.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.