Уапсен е напаѓачот, кој во хрватскиот град Сисак со калашњиков пукаше врз група луѓе, при што едно лице загина, а неколкумина се ранети.

По пукањето напаѓачот со часови бил во бегство, а нешто по 1 часот по полноќ е уапсен.

Маж кој е поврзан со пукањето во областа Сисак е уапсен, тој е донесен во службените простории на полицијата и против него ќе се води кривична истрага, соопшти хрватската полиција.

Во престрелката е убиена 45-годишна жена, додека четири лица се ранети. Лекарска помош им е укажана во Општата болница Сисак, каде е констатирано дека се тешко повредени. Медицинска помош им била укажана на две лица, меѓу кои и едно дете, кои биле полесно повредени додека бегале.

Во наведениот настан целосно опожарени се две семејни куќи и еден автомобил, а делумно опожарени една куќа и еден автомобил, соопшти полицијата.

Според хрватските медиуми, станува збор за маж на околу 60 години кој имал психички проблеми. Насилникот наводно дошол во куќата на соседот, пукал кон нив и запалил две куќи на соседот.

Пукањето се случило во близина на рафинеријата во Сисак. Засега нема официјални информации зошто напаѓачот пукал врз луѓето.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.