Бугарија никогаш не била закана за националната безбедност на Република Македонија, изјавил бугарскиот премиер Галаб Донев на брифинг со новинарите за случувањата на бугарско-македонската граница на 4 февруари и зголемената тензија меѓу двете земји во последните недели.

Донев, како што пренесуваат бугарските медиуми, потсетил на реакцијата на бугарската држава во 1990-тите кога се распадна Југословенската федерација, а Бугарија прва ја признала Македонија, и прва и обезбедила воена опрема.

Тој нема информации оти и некои граѓани на Бугарија се закана за безбедноста на Македонија. Вели дека е „разочаран од реакциите на македонските власти и неусогласеноста меѓу зборовите и делата, кои не соодветствуваат со барањата на Република Македонија за членство во ЕУ“, но смета дека треба да продолжи дијалогот меѓу Софија и Скопје.

– Нема да го прекинеме дијалогот со Република Македонија, во кој Бугарија покажа и докажа дека е целосно позитивна. Но, мора да постои взаемен однос, истакнал Донев.

Запрашан дали сето она што се случи го смета за провокација, Галаб Донев одговорил: „Да кажеме вака – грешки и слабости при растењето“.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.