Дојави за бомби денеска добија Кантоналниот суд во Сараево и Врховниот суд во Федерацијата БиХ.

Министерството за внатрешни работи на КС е информирано, во тек се евакуации и увиди, изјави за сараевската телевизија Н1, Мирза Хаџиабдиќ од Министерството за внатрешни работи на кантонот Сараево.

Ова е една од серијата дојави за бомби кои пристигнуваат на адресите на институциите во БиХ.

Вчера бомби биле дојавени во полициските управи на МВР на кантонот Сараево, а минатата недела и во училиштата во тој кантон.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.