Поради дојава за бомба во Подгорица, евакуирана е зградата во која се наоѓаат Врховниот, Апелациониот и Вишиот суд.

Како што дознава порталот РТЦГ, информацијата за поставената бомба била добиена по електронска пошта.

Ќе се случи нешто многу големо, што нашето братство постави многу моќен експлозив на неколку места, да видиме дали ќе го најдете пред ударот. Ве предупредуваме, а вие само продолжите да ги следите политичките лидери. Да живее Србија , да живее Русија, да живее Република Српска“, се вели во заканувачкиот мејл.

Е-маил адресата е на име Паја Велимировиќ, пренесува порталот.

Во тек е преглед против субверзија.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.