Ако некој има сецесионистички движења во својата земја, тогаш тоа е Велика Британија, која ги има многу, изјави претседателот на Република Српска, Милорад Додик.

– И сега ни раскажуваат приказна од нивните стари царски времиња. Тоа време помина, но тие се уште не сфатиле – изјави Додик.

Претседателот на Српска изјави дека Британците на тој план ги имаат Шкотска, Ирска и секакви работи и посочи дека нема план за отцепување на Српска, но дека Британците се забавуваат околу тоа прашање, пренесе РТРС.

Комисијата за меѓународни односи и одбрана на Домот на лордовите на Парламентот на Обединетото Кралство испрати писмо до британскиот министер за надворешни работи Дејвид Камерон, во кое меѓу другото Џеси Бартон Хронешова од Лондонскиот колеџ наведува дека „преземени се чекори за правно отцепување на Српска“.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.