Претседателот на Република Српска (РС), Милорад Додик, порача дека САД треба да прифатат дека РС и нејзините граѓани никогаш нема да дозволат за нивната судбина да одлучуваат други.
Откако американскиот помошник државен секретар за европски и евроазиски прашања, Џејмс О’Брајан, изјави дека оригиналниот Дејтон потекнува од негово перо и дека сакаат да се фокусираат на тоа институциите на власта да функционираат како што се дизајнирани да функционираат, Додик за агенцијата Срна изјавил дека е добро да се знае дека О’Брајан смета оти сите треба и на тоа да се фокусираат.
Додик истакна дека тоа значи дека сите мора да го почитуваат Уставот на БиХ и напишаното во него, како и Дејтонскиот мировен договор.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.