Претседателот на Република Српска (РС), Милорад Додик, најави дека РС ќе прогласи независност, доколку високиот меѓународен претставник во БиХ, Кристијан Шмит, го наметне законот за имот.
Ќе одиме во Народното собрание на Република Српска и ќе донесеме одлука за независноста на Република Српска, изјави Додик во Прњавор.
Изјавата е одговор на новинарско прашање да ги коментира информациите дека Шмит подготвува закон за имот и како ќе реагира Република Српска во случај да се наметне таков закон.
Додик претходно изјави дека смета оти прашањето за имотот е решено со Дејтонскиот договор и дека недвижниот имот им припаѓа на субјектите, а не на државата Босна и Херцеговина, при што ја отфрли можноста Парламентот на Босна и Херцеговина да донесе закон за државна сопственост.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.