Денеска е Денот на Република Српска која е основана пред точно 32 години. Република Српска е основана на 9 јануари 1992 година во Сараево како Република на српскиот народ во Босна и Херцеговина, со одлука на тогашното Собрание на српскиот народ во Босна и Херцеговина.
Република Српска го доби својот прв Устав на 28 февруари 1992 година под името Устав на Српската Република Босна и Херцеговина. Република Српска беше потврдена со Дејтонскиот мировен договор.
На барање на бошњачкиот лидер Бакир Изетбеговиќ, Уставниот суд на БиХ одлучи дека мора да се избере друг датум за Ден на Република Српска, но граѓаните со повеќе од 99 отсто гласаа дека 9 јануари останува Ден на Република Српска.
Деновиве пред обележувањето на празникот имаше тензии во БИХ. Притисокот беше насочен кон претседателот Милорад Додик, а за таа цел и американски ловци Ф-16 ја наделтуваа територијата на Република Српска.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.