Претседателот на Република Српска, Милорад Додик, повторно потврди дека сака српскиот ентитет во Босна и Херцеговина да стана независна држава во интервјуто за руската меѓународна телевизија Russia Today (RT).

„Јас (БиХ) не ја сакам, не сум подготвен да војувам но ќе бидам задоволен, доколку не успеам во својот политички или биолошки живот да создадам ситуација Република Српска да се придвижи кон статусот независна држава, да оставам зад себе генерација политичари кои ќе се борат Република Српска да биде независна држава“, рече Додик за каналот RT Balkans во емисијата „Релативизација“ која ја води Лилјана Смајловиќ, поранешна главна уредничка на белградскиот дневен весник Политика.

Тезата на Додик е дека на Балканот ништо не е завршено и дека прашањето на границите сѐ уште е отворено, па затоа, како што сугерира, останува отворена можноста и за обединување на Република Српска со Србија.

Додаде дека е воспитуван на приказните за усташите кои неговите предци ги носеле по концентрациониот логор во кој се погубени илјадници српски, еврејски, ромски па и хрватски жртви Јасеновац во Втората светска војна во тогашната Независна држава Хрватска, сојузничка на нацистичка Германија на Адолф Хитлер. Вели дека поради тоа стекнал свест дека треба да постои Република Српска, којашто ја опишува како највисок национален интерес на Србија.

Коментирајќи ги тензичните односи меѓу Србија и нејзината поранешна јужна покраина Косово и Метохија каде што албанското мнозинство со поддршка на Западот во 2008 година еднострано прогласи независност на Република Косово, рече дека е нужно е полната косовска независност да содржи елемент каков што е денес Република Српска во БиХ.

„Ако сте се согласиле на Заедницата на српски општини, тогаш тоа е тоа“, рече Додик.

Очекувањата дека ќе се промени ги нарече „ненормални“ и најави дека ќе продолжи да дава отпор на политиката на Западот, а особено на САД за коишто тврди дека исклучиво им одат во прилог на интересите на Бошњаците во БиХ.

На прашањето како тоа има добри односи со сегашниот политички врв на босанскохерцеговските Хрвати, Додик одговори со тврдењето дека Хрватите и Србите во БиХ денес имаат ист однос кон оваа земја, бидејќи се променила ситуацијата каква што преовладувала во времето кога претседател на Хрватска во 1990-те години беше Фрањо Туѓман.

Хрватите во БиХ, Додик ги гледа како „жртви на самостојноста на Хрватска“, па сугерира дека на Туѓман му било важно единствено да носи одлуки важно за јакнење на хрватската независност, што вклучувало сојузништво со Бошњаците во борбата против Србите.

„Мене ми беше важно да се одржат конститутивноста и правата на Хрватите, бидејќи со тоа всушност се бранат правата на Србите“, додаде Додик.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.