Во периодот од 1 до 7 август 2022 година, за 18 отсто се намалил бројот на починати од Ковид-19 и за 19 проценти бројот на заразени во Грција, согласно седмичниот извештај на Националната организација за јавно здравје за ситуацијата со пандемијата во земјата, јави дописничката на МИА од Атина.
Во изминатата седмица бил регистриран 100.421 случај на Ковид-19, од кои 21 отсто се реинфекции, а биле направени 728.373 тестови, со стапката на позитивност 13,79 отсто, наспроти 15,22 проценти пред една седмица.
Починале 314 лица, а во грчките болници во конкретниот период биле примени 2.343 и отпуштени 2.195 пациенти, додека пак вкупно 120 лица се приклучени на апарати на одделите за интензивна нега во грчките болници.
Од почетокот на пандемијата во Грција се потврдени 4.577.675 случаи на Ковид-19, а починаа 31.722 лица.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.