Однесувањето на група српски туристи во хотел во Тунис ги згрозило корисниците на социјалните мрежи.
Како што се вели ппокрај објавеното видео од случувањата, група туристи биле незадоволни бидејќи наводно агенцијата го пребукирала хотелот каде што им било сместувањето, како и дека биле ставени да спијат во соби со мувлосани ѕидови и без клима на 46 степени Целзиусови.
На видеоснимката од незадоволните туристи, се гледа како тие го обиколиле пултот на рецепција и се расправаат со работниците во хотелот. Тие им викаат на работниците на рецепција, а една жена дури и ги напаѓа. Таа пцуе додека додека со постелнина ги гаѓа рецепционерите.
Потоа маж од Србија удрил со раката во пултот и ги пцуе вработените во хотелот.
На снимката може да се види и жена која во еден момент фрла документи.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.