Претседателот на Србија синоќа во интервју на „Пинк ТВ“ објасни дека трите земји од иницијативата Отворен Балкан треба меѓусебно да си помагаат во месеците што доаѓаат.

Секој секому може да помогне. Може во одредени денови да ѝ помогнене на Македонија во струја и во храна. Постојат различни денови, некој повеќе се ослонува на хидрологијата, кога е добра Албанија може да ѝ помогне на Македонија, понекогаш дури и на нас. Можеме да им помогнеме на сите со гас, во одредени денови со струја во Македонија, едни со други можеме да си помагаме со храна – објасни Вучиќ на прашањето кој кому може да помогне во рамките на „Отворен Балкан“ доколку дојде до подлабока криза.

Според Вучиќ, Србија е во неофицијална вонредна состојба до март следната година. Тој додаде дека сите нѐ очекуваат тешки осум месеци.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.