Поставувањето фашистички симболи и поздрави во Хрватска нема да биде кривично дело, туку ќе се казни како прекршок против јавниот ред и мир со парични казни до 4.000 евра.
Тоа е предвидено во Предлог-измените и дополнувањата на Законот за прекршоци што беше предложен од Министерството за внатрешни работи и сега е на јавна расправа.
Според загрепски „Јутарњи лист“, пропишани се драконски зголемувања на казните од 70 на 4.000 евра, на пример, за извикување на усташки поздрав и прикажување фашистички симболи. Според тој нацрт, казните за тие прекршоци се зголемени до 23 пати.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.