Во моментов сме сведоци на фарса, иако има и трагични ноти. Се чудам како прашањето за „брз старт“ на Република Македонија за членство во ЕУ стана централно прашање, а не би требало, вели Ангел Димитров, копретседател на Заедничката историска комисија.
Во интервју за БНТ Димитров оценува дека се изместува нормалниот акцент во разговорите меѓу Софија и Скопје и дека „наместо Македонија да биде заинтересирана за активна позиција, наеднаш излегува дека Бугарија е заинтересирана“. Објаснувањето, како што вели, е дека идејата дошла од надвор, а нејзиното прифаќање е малку избрзано.
„Состојбата во билатералните односи претпоставува другата страна да биде активна за да ја исполни својата желба и цел“, изјави Димитров, a пренесува МКД.мк.
Тој останува на ставот дека Бугарија не смее да дозволи притисок врз себе и вели дека тоа е неприфатливо.
На прашањето дали Бугарија дозволува таков притисок, Димитров одговара: „Апсолутно да. Има притисок и внатре. Имаше притисок врз мене, внатре, не однадвор. Никој не дозволи директен притисок врз нашата комисија, но од пред три дена сум под притисок од една многу сериозна институција во Бугарија со обвинување дека речиси ги предавам националните интереси на државата. Обвинуваме некаква формација во земјава која ми е нејасна. Интересно е што ова се случува сега. Формацијата е граѓанска, но институцијата е државна. Тоа е ДАНС (Државна агенција Национална безбедност)“, вели Димитров во интервјуто, пренесува македонскиот портал.
Уште додава дека биле обвинети за предавство на интересите на државата. „Никој не знае како сме ги предале, но има такво обвинување“, рече тој и ги повика оние кои што му вршат притисок да се занимаваат со поважни работи.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.