Коста Кецмановиќ, 14-годишното момче кое на трети мај уби девет деца и обезбедувачот Драган Влаховиќ во ОУ „Владислав Рибникар“, е популарен на социјалните мрежи ширум светот. И покрај злосторството кое го направи, за жал, многу луѓе го поддржуваат меѓу кои и една тинејџерка од Бразил која тврди дека е „негова девојка“.

На социјалната мрежа Икс (Твитер) се појави профил на личност која тврди дека е девојка на Кецмановиќ. Во описот на профилот пишува „неговата љубов“.

Ова само по себе може да изгледа како обичен излив на емоции, но работата станува невообичаена кога ќе се открие дека личноста која стои зад овој профил тврди дека е од Бразил и дека има чувства кон убиецот од ОУ „Владислав Рибникар“.

Личноста која стои зад профилот во повеќето нејзини објави на оваа социјална мрежа го величa Коста и често е експлицитна во нејзините излагања.

Таа постојано споделува информации за тоа каде ќе учи Коста во иднина, што открива колку е фасцинирана од малолетниот убиец.

Пред три месеци уште една девојка, но тогаш од Србија, на социјалната мрежа ТикТок ја шокираше јавноста. Таа постави слика од позитивен тест за бременост, заедно со објавата дека носи дете на Коста.

Имам нешто да ви кажам! Со Коста ќе имаме бебе, бремена сум“, кажа неименуваната девојка во објавата.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.