Во селото Краденик, недалеку од Бијело Поље, во саботата околу 18:00 часот од удар на гром во големо невреме загина момчето А.Ф. (9), а едно женско лице е повредено, но не побарало лекарска помош.

Како што информираат од Оперативно-комуникацискиот центар на Полициската управа на Црна Гора, момчето починало додека вршело земјоделски работи.

Веднаш по веста за ударот на гром, на местото на трагедијата пристигнала екипа на итната помош, но лекарите го нашле детето без знаци на живот, па реанимацијата која следела не помогнала.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.