Дваесет и шестгодишниот Британец Скот Седон загина откако во понеделникот го удри гром на плажа на грчкиот остров Родос.

Како што пренесуваат грчките медиуми, несреќата  се случила нешто пред 14 часот во местото Аја Агати, каде веднаш интервенирале екипи на Брза помош. Реанимацијата продолжила и во болницата, но лекарите не успеале да го спасат.

Според очевидци, кога започнало невремето, сите капачи излегле од водата и се засолниле. Го повикувале и Скот, но тој одбивал да излезе од морето.

Семејството на Скот е по потекло од Ливерпул, но живее на Родос неколку години.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.