Шефицата на косовската дипломатија Доника Гервала Шварц кажа дека Грција би можела да биде првата земја од петте од Европската Унија која ќе го признае Косово.

Таа додаде дека не ја исклучува можноста одлуката за признавање на Косово да ја донесе заедно со групата други земји.

Гервала не наведе датум или време кога тоа би можело да се случи, пренесува Газета експрес.

„Се надевам дека Грција ќе биде една од првите земји од ЕУ која не нè признала, но не ја исклучувам можноста Грција да не нè признае сама, туку истовремено со уште неколку земји. Но не можам да прецизирам датум“, кажа Гервала.

Таа истакна дека односите на Косово и Грција се задоволувачки, дури и подобри отколку со некои земји кои го признале Косово.

„Имаме исклучително добри односи со Грција. Со Грција разговараме можеби поинтензивно отколку со земји кои нè признаваат. Грција бара добар момент за да го направи последниот чекор. Поради тоа што Косово се покажа како сериозен европски партнер. Мислам дека со Грција не сакам да кажам датум ни да предвидувам што ќе се случи. Но извештаите се многу добри и разговараме за многу теми“, кажа таа.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.