Разбиена е криминална група од Македонија која крадела луксузни возила од викендички на Халкидики, по истрага на полициски службеници од Одделот за безбедност Полигирос.

За случајот, како што беше претходно објавија грчките медиуми, уапсени се 3 лица од Македонија, а поведена е постапка против уште 3 нивни соучесници.

Како што произлезе од полициската истрага, наведените лица формирале криминална организација со структурирани активности и различни улоги, со цел кражба на луксузните возила од голема парична вредност.

Според нивната криминална шема, тие првин ги лоцирале луксузните возила на туристите на Халкидики, а потоа упаѓале во нивните сместувачки капацитети, со цел да им ги одземат клучевите и да ги украдат возилата.

Од досегашната истрага произлезе дека тие учествувале во вкупно 18 кражби на возила на различни делови на Халкидики, од кои се пронајдени седум украдени возила, во една кражба на возило во подрачјето на Солун и во една кражба на регистарски таблички од паркирани возила на подрачјето на Солун.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.