Десетгодишник од дома земал 3.000 евра, заштеда на неговите родители, и парите ги делел во училиштето со неговите соученици. Инцидентот се случил во основно училиште во Алексинац во Србија. Како што пренесуваат тамошните медиуми, четвртоодделенецот само сакал да биде популарен кај неговите врсници како да е момче од богато семејство.
Во неговото одделение дојде момче чии родители беа доста богати. За да го привлече вниманието на пријателите, тој ги частел останатите пица, сокови…Другото момче, гледајќи дека тој така стекнал многу пријатели, решил и самиот да се испроба со частење за да стане популарен, вели извор за српскиот портал 24SAM.
Момчето на тој начин ја потрошил целата семејна заштеда од 3.000 евра делејќи им пари на пријателите на голем одмор. Децата сето тоа го сфатиле како забава сè додека едно дете не се вратило дома, а мајка му нашла 300 евра во пантолоните. На крајот, родителите биле известени, а децата признале дека нивниот соученик им дал пари.
Парите на крајот им биле вратени на родителите на момчето.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.