Десет лица се повредени кога утрово одекна експлозија во хемиската фабрика Меламин во Кочевје, Словенија Словенечката полиција во 8 часот и 35 минути добила дојава за експлозија и пожар во кругот на фабриката Меламин.

Засега не се знае што гори, па полицијата ги повика мештаните да ги затворат прозорците и да не се приближуваат до местото на настанот, пренесе Телеграф.

Ги советуваме сите жители во околината да ги затворат прозорците и да не се движат на отворено за време на интервенцијата. Исто така, не треба да се приближуваат до местото на настанот – изјавија од полицијата.

Се сомнева дека експлодирал бојлерот во производство.

Порталот 24ур јавува дека зградите во близина на фабриката силно се треселе во моментот на експлозијата, а граѓаните пријавиле дека гипсот почнал да паѓа од таваните.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.