Мајката на 13-годишниот пукач од основното училиште „Владислав Рибникар“ во Белград вчера била сослушана во полиција откако е под сомнение дека сторила кривично дело – запуштање и малтретирање на малолетно лице.

Откако Првото основно обвинителство нареди полицијата да ја сослуша М.К. вчера дала исказ во полиција, а во наредниот период ќе биде сослушана од обвинител за истото кривично дело.

Српски „Телеграф“ ги објавува и прашањата на кои одговарала:

1. Колку често го гледала синот, односно кај кого престојувал повеќе, кај неа или кај таткото В.К.?
2. Дали знаела дека тој одел на стрелиште?
3. Ако знаела, каков бил нејзиниот став за тоа?
4. Дали момчето се однесувало чудно?
5. Дали момчето било малтретирано и запоставено, т.е дали нешто му било скратено, одбиено нешто, дали се жалело на нешто…?
6. Што е последното нешто што ѝ го рекол пред да го изврши масакрот?
7. Дали имал некакво трауматично искуство?
8. Каков однос имал со неа, со татко му, со семејството, со пријателите?
9. Колку знаела за неговите интереси и какви биле тие?
10. Каков бил нејзиниот однос со таткото на В.К.?



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.