Денеска во Загреб се одржува самитот за Кримската платформа на кој ќе учествуваат пратеници на повеќе од 40 земји, организиран од хрватските и украинските законодавци, а чија цел е поддршка на независноста на Украина наспроти руската агресија.
На самитот учествува и Претседателката на Претставничкиот дом на САД, Ненси Пелоси, која вчера беше пречекана од премиерот на Хрватска, Андреј Пленковиќ.
Пелоси пред почетокот на денешниот самит ги отфрли тврдењата дека поддршката на нејзината земја за Украина зависи од внатрешната политика нагласувајќи притоа дека таа поддршка е и двопартиска и дводомна.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.