Денеска во Хаг продолжува судењето на поранешните водачи на ОВК Хашим Тачи, Кадри Весели, Јакуп Красниќи и Реџеп Селими, пренесува Газета експрес.
Денеска ќе биде сослушан петтиот сведок кој сведочеше минатата недела, делумно приватно, делумно јавно.
Судскиот совет изрази загриженост што речиси сите докази досега во овој судски случај се изведуваат на приватни или затворени седници и потсетија дека од јавен интерес е овој процес, колку што е можно, да се води јавно.
Тачи, Весели, Селими и Красниќи се обвинети за воени злосторства и злосторства против човештвото, убиства, прогон на политичка и етничка основа, незаконско апсење и приведување и други нехумани дела.
Кривичните дела се оквалификувани, во шест точки, како злосторства против човештвото, а во четири како воени злосторства.
Судењето започна на 3 април, а Тачи, Весели, Селими и Красниќи се во притвор во Хаг од октомври 2020 година.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.